This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Croatian Bosnian Albanian

Патот по кој чекорам

Une vie en images

„Јас сум еден од оние поети што остануваат верни на самите себе од првите поетски обиди па сè до зрелото творештво”, изјави Ацо Шопов во еден разговор со Ненад Радановиќ, во 1978 год. „Никакви книжевни ветрови не успеаа да ме обвијат со туѓа наметка која би се косела со мојата поетска природа. Тие ветрови ме корегираа, поправаа и доведуваа до сè попотполно поетско изразување, но не ме оддалечија од патот по кој чекорам. Поетот го открива неговата песна, а не потписот што го става под неа”.

Се наоѓате на појдовната точка на тој пат по кој Шопов чекореше четири децении.

Ацо Шопов е роден на 23 декември 1923 година во Штип, во време кога Македонија е составен дел на Србија (1918-1940). Во 1930 година се запишува во основно училиште во Штип. Поезија почнува да пишува на српски, на четиринаестгодишна возраст. На седумнаесетгодишна возраст подготвува во ракопис цела збирка песни на македонски јазик, поттикнат од Рациновите Бели мугри објавени на македонски. Збирката Песни за Штип, позната исто така и како Ановите (според една од песните во неа) исчезнува, но творечкиот пат на Шопов продолжува:

Краток преглед на живот на поетот се наоѓа во Витрината на неговиот Лирски дом.