This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Albanian

"Думи" (Мисли), цртеж од Роман Кисјов, бугарски препејувач на Ацо Шопов.

“Думи” (Мисли), цртеж од Роман Кисјов, бугарски препејувач на Ацо Шопов.

Искажувања на Шопов

На оваа мала полица во Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов, се изложени мисли за творештвото што македонскиот поет ги има искажано во интервјуа или напишано во есеи.

  • Ако постои поетски фатализам,  тогаш ја сум еден од неговите најголеми поклоници. (1960)
  • Поезијата е младост на убавината, жед за неа, право на неа, илузија. (1960)
  • Поезијата е игра со убавината, во име на човечката убавина, бидејќи не постои надвор од човекот.
  • Тежнеам кон тишината како една од многубројните активни состојби на духот во кои можат подлабоко, посестрано и појасно да се наслутат драмите во нас и околу нас. Тишината е тишина на немир, на крик, на продор во непознатото, тишина на тврдина исполнета со оган и ветер.
  • Поети, мајстори на зборот, архитекти на човечноста и солидарноста, исковете нови зборови за поимите на разбирањето и љубовта, помошта и братството, единството на човечките интереси, животот без страв и катастрофи. (1963)
  • Тежнеам кон еден вид формално совршенство и сакам тоа формално совршенство да има и внатрешно содржинско оправдување. (1965)
  • Поетот го открива неговата песна, а не потписот што го става под неа.  (1969)
  • Во поезијата нема високо и средно развиени земји и земји во развој. Таа е или не е тоа. (1969)
  • Песната не е само свест за егзистенцијата, таа е свест за себеси, и поради тоа и се потврдува и остварува во непрекинат судир и со стварноста и со себеси. (1970)
  • Јас својата поезија, а особено онаа од најновиот период ја чувствувам како специфична синтеза, специфично доживување на љубовта, земјата и страста. (1970)
  • Поетот е во песната како во студена пештера, како во непрегледна шума каде што, наместо дрвјето, лежат огромни, расфрлани и скаменети зборови. Тој е оној што треба да ги спаси од смртта, да ги разбуди од скаменетиот сон, да ја оживее шумата, за да почне дрвјето да оди. Често тој успева во тоа, а можеби уште почесто стои во неа, во таа шума, збунет и беспомошен, попусто повикувајќи ги да му помогнат во очајот поранешните поетски искуства. И така од песна во песна. Штотуку ќе се затвори еден круг, треба да се отвори нов. И секогаш eдно исто проклето прашање- како? (1970)
  • Поезијата бара комплетни личности. Тоа значи: без етика − нема творештво. (1972)
  • Секое влебување, секој конформизам е смрт за творештвото. (1972)
  • За мене беше речено дека сум ја укинал наративноста во  поезијата, дека зборовите сум ги свел на минимум. Гледано однадвор, тоа може да се сфати како метод, како свесна и промислена постапка. Но, од моја страна, јас едноставно употребувам онолку зборови колку што ми се потребни за да го кажам она што имам да го кажам. (1976)
  • Зборот е единствениот клуч со кој можат да се отворат проблемите на човековата егзистенција и сите другивитални проблеми на денешнината.
  • Јас тешко пишувам. Една песна долго ја носам во себеси, додека најпосле не ја излеам на хартија. Тоа што ќе го напишам на хартија, тоа е завршена песна за мене. Песната ако како идеја не созрее во мене, таа никогаш нема да излезе на хартија. Инаку, кога песната веќе ја пишувам на хартија, ја пишувам навечер. Тоа важи и за мојата поезија и за препевот, бидејќи го сметам по сила рамен на оригиналот. (1979)

Во Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов се достапни и огледи, критики и толкувања на неговото творештво, како и избор од неговите