This post is also available in: French Russian English Slovenian

"Лист", графика од Зоран Јакимовски

“Лист”, графика од Зоран Јакимовски инспирирана од истоимената песна на Ацо Шопов  (подарок од авторот на Јасмина Шопова)

Лист

Се откина од гранката сам, полека и несетено
и остана во воздухот да лебдее така.
Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено
пружи по него рака.

И не се измени ни со прелив мал
на есента божилото.
Само гранката задржа скриена жал,
жал за зеленилото.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955