This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Albanian

Ракописи и машинописи

Во овој дел од Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов се наоѓа избор од ракописите и машинописите на поетот. Најголемиот дел од оваа архивска граѓа му припаѓа на Фондот Ацо Шопов во Архивот Харалампие Поленаковиќ на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), меѓу чиишто членови основачи, во 1967 год., спаѓа Ацо Шопов.

Благодарение на соработката со оваа институција, Лирскиот дом беше во можност да дигитализира  поголем дел од материјалот за да им го стави на располагање на читателите, студентите и истражувачите.

На оваа страница се наоѓа и линк кон домашната архива на поетот, како и директен пристап кон автографите и машинописите по категории.

Прегледајте го Фондот АЦО ШОПОВ во Архивот Харалампие Поленаковиќ – МАНУ

Ракописи и машинописи од архивската граѓа на Фондацијата Ацо Шопов – Поезија

work in progress

Ракописи и машинописи од збирките поезија на Шопов:

Ракописи и машинописи од разговорите, статиите и беседите на Шопов:

Ракописи и машинописи на македонски препеви на Шопов

  • Сирано
  • Хамлет
  • Ромео и Јулија

Во Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов се исто така достапни и огледи, критики и толкувања на неговото творештво, како и избор од неговите: