This post is also available in: French Spanish German Russian English Albanian

Мај 2012, промоција на Црно Сонце од Ацо Шопов, на француски, германски и шпански

На 3ти мај 2012, Македонската академија на науките и уметностите ја одбележа триесет годишнината од смртта на  Ацо Шопов, со промоција на две книги под наслов Црно сонце, објавени во Луксембург, на француски и германски, Soleil Noir/Schwarze Sonne (PHI) и во Аргентина, на шпански, Sol Negro (Leviatán).

Присутните ги поздравија Владо Камбовски и Луан Старова, а книгите ги промовираа Ролан Каизер, директор на издавачката куќа PHI, Катица Ќулавкова и Ристо Лазаров.

„И тишината, и небиднината, и црното сонце, сè што создаде Ацо Шопов, се неодминливи знаци на една поетска великост, знаци на зрелост кои беспоговорно сведочат дека сè што ќе биде сработено и стокмено како што треба, се претвора во спомен, станува трајна вредност”, рече Ристо Лазаров. „Наспроти сите морници на новите времиња во кои не се баш и реткост обидитите значајни писатели да се тутнат во заборавот и тоа не со критика и превреднување, ами со неподнослива леснотија на едно ирационално самоволие.” (Искажувањето е во целост достапно тука).

Софија Гогова и студенти на Филолошкиот факултет во Скопје прочитаа песни од Ацо Шопов на македонски, француски, германски и шпански.

Фотогалерија на настанот
Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт © Ацо Шопов – Поезија.