Александар Прокопиев: Постмодерен Вавилон, Институт за македонска литература, Магор, Скопје, 2000, 205 стр.

postoderen-vavilon-prokopiev

Оваа книга есеи од македонскиот писател и литературен толкувач Александар Прокопиев е поделена на три дела: македонска постмодерна проза; творештвото на Ацо Шопов; и литературата во времето на Интернет.

На страниците посветени на Шопов, Прокопиев меѓу другото пишува: Меѓу стиховите од Слеј се со тишината (1955) и оние од Дрво на ридот (1980) се протега период од четврт век, дваесет и пет години на едно немирно поетско и човечко искуство, низ кое Шопов ја усовршуваше, надополнуваше, моделираше својата поетика. Но низ сите преобразби, поетот и’ останал верен на својата номадска сушност, која (…) спонтано и убедливо се реинкарнира во најразлични видливи и невидливи облици на животот, од кои езерото и птицата се меѓу најподатливите.

Прочитајте исто така извадоци од анализата на песната „Небиднина” на Шопов, објавена во Постмодерен Вавилон.