This post is also available in: French Spanish German Russian English

Шеесетти години на 20 век

Ацо Шопов, шеесети години на 20 век

Ацо Шопов, шеесетти години на 20 век

Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од творецот на „небиднината” и на скопскиот земјотрес повторно преживеан во песните „Грозомор”, „Август”, „Тажачка од онаа страна на животот”…  Тоа се годините на „Молитвите на моето тело”, на „Долгото доаѓање на огнот”, на поетот  што прераснува во „Гледач во пепелта”. Во тоа време, Шопов ги преведува Мирослав Крлежа, Вилијам Шекспир, Изет Сарајлиќ, Драгутин Тадијановиќ… А се одлучува и да направи едно мало сатирично интемецо, со збирката Јус-Универзум. Во текот на истава деценија се раѓаат и Струшките вечери на позијата, како и Македонската академија на науките и уметностите.

Од овој период потекнуваат многу интересни статии, разговори и дискусии на Шопов во врска со прашањата на поетското творештво, на слободата на творештвото, на критериумите во вреднувањето на уметноста итн.

headphonesСлушнете стихови од тој „златен круг на времето”: „Молитва за еден обичен но уште непронајден збор”, „Лузна” и „Има долу една крв„Грозомор”„Долго доаѓање на огнот”, “Старо купувам

1960: 

  • 7 февруари: На годишното собрание на Друштвото на писателите на Македонија, Шопов е повторно избран за претседател. (Извор: Delo, Ljubljana, 08.02.1960, str. 1)
  • Ацо Шопов ги објавува песните “Старо купувам” и “Романтично бегство“, во Современост, X, 5 (Небиднина, 1963).
  • Хамлет принцот дански од Вилијам Шекспир излегува на македонски јазик во препев на Ацо Шопов. Ја добива наградата “11 Октомври”. Книгата ќе биде повторно издадена во 1966, 1971 и 1981.
  • Претседател на Сојузот на преведувачите на Југославија, до 1963.
  • 1 јуни: се раѓа ќерката Јасмина, во Скопје.

1961:

  • 15 март: дипломира на филозофскиот факултет во Скопје, отсек чиста филозофија.
    Април: Јури Гагарин ја освојува вселената. Тој настан ја инспирира “Осма молитва на моето тело“.
  • Мај−декември: втор престој во Париз.
  • Се раѓа идејата за Струшките вечери на поезијата (СВП), по повод одбележувањето на стогодишнината од Зборникот на браќата Миладиновци. Ацо Шопов е еден од основоположниците и прв претседател на советот на фестивалот во 1962 година.
  • октомври: излегува од печат малата по обем, но голема по содржина, книшка под наслов Дванаестмината од сончевата колона на младоста.
  • 27 ноември: Орден на Републиката со сребрен венец  (бр. 122).
  • Скопје: Централен комитет на народната младина на Македонија, 1961

1962:

  • Ацо Шопов учествува на првите поетски средби во Сараево кои по две години ќе праснат во традиционалните Сараевски денови на поезијата, на денот на пролетта, 21 март, а кои се иницијатива на Изет Сарајлиќ и Хусеин Тахмашиќ. Покрај Шопов, на тие први средби настауваат: ,Мак Диздар (БиХ), , Густав Крклец (Хрватска), Скендер Куленовиќ (БиХ), Стеван Раичковиќ (Србија), Изет Сарајлиќ (БиХ) и Хусеин Тахмишчиќ (БиХ),  Хамза Хумо (БиХ) и Добриша Цесариќ (Хрватска).
  • Мај: ги објавува Осмата, Деветтата, Десеттата и Последната молитва на моето тело, во Современост XII, 5.
  • Претседател на Друштвото на писателите на Македонија и прв претседател на Фестивалскиот одбор на СВП.

1963:

  • 18 јануари: учествува во дебатата на Друштвото на писателите на тема: „Литературната ситуација денес”, во која посебно се осврнува на прашањето „Што е тоа општествено битие и каква е таа литературната свест што треба да го одразува?”. Дебатата е објавена во Современост, XIII, бр. 2-3 (февруари-март).
  • април: Ги објавува песните “Раѓање на зборот“, “Има долу една крв“, “Очај пред тврдината“, “Небиднина” и “Песната и годините” (Небиднина), во Современост, XIII, 4.
  • 13 јуни: Учествува на одбележувањето на 20-годишнината од смтртта на Кочо Рацин, настан што го одбележува и почетокот на годишната манифестација Рацинови средби. Неговата беседа за Рацин е достапна тука (work in progress)
  • Јуни: од печат излегува Небиднина, непосредно пред скопскиот земјотрес. Оваа книга, која ѝ дава посебно обележје на македонската современа поезија, ќе доживее четири изданија, а голем дел од песните содржани во неа ќе бидат преземени во сите понатамошни избори од поезијата на Ацо Шопов, како на македонски, така и на други јазици.
  • Награда “11 Октомври”, за Небиднина.
  • Песни, избор од поезијата на Ацо Шопов.
  • Ацо Шопов (за лириката) и Тодор Димитровски (за прозата) објавуваат Избор од творештвото на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • 26 јули: Скопски земјотрес. Оваа трагедија директно инспирира повеќе песни на Шопов, меѓу кои “Грозомор“, “Тажачка од онаа страна на животот” и “Август“, како и пекстот „Во пет и седумнаесет” објевен во Современост, XIII, 7−8.

1964:

  • Ја објавува песната “Грозомор” (Гледач во пепелта, 1970), во Современост, XIV, 10.
  • Ромео и Џулиета. Хамлет. Отело, во препев на Ацо Шопов и Блаже Конески.
  • Скерлићева споменица, со избор од поезијата на Ацо Шопов, Белград.
  • Ветер приносить погожие дни (Ветрот носи убаво време), избор од поезијата на Ацо Шопов на руски, во препев на Јури Левитански.
  • Örök várakozó (Оној што вечно чека), избор од поезијата на Ацо Шопов на унгарски јазик, во препев на Фехер Ференц, Нови Сад.
  • 16 и 17 ноември: Во својство на претседател на Комисијата за преглед и одобрување за јавно прикажување на филмови при Републичкиот секретаријат за култура на СР Македонија, ги прегледува, во кино Вардар,  35-те пристигнати филмови за Првиот фестивал на аметерски филм во земјата. Сите добиваат дозвола за прикажување.

1965:

  • Јуни – во Современост, XV, 6, ги објавува песните “Август“, “Златен круг на времето” и “Тажачка од онаа страна на животот
  • Главен уредник на списанието Современост.
  • Поезија од босанскиот поет Изет Сарајлиќ, во препев на Ацо Шопов.
  • Избор од поезијата на Јован Јовановиќ-Змај, во препев на Ацо Шопов.
  • Морето и боите, од Григор Витез, во препев на Ацо Шопов и Глигор Поповски. Илустрации од Васил Куноски.

1966:

1967:

  • Песни, избор од поезијата на Ацо Шопов.
  • Ја пишува „Долго доаѓање на огнот“, пристапна песна за изборот во Македонската академија на науките и уметностите.
  • 18 август, Ацо Шопов станува еден од четиринаесетте членови оснивачи на МАНУ. Тој е најмладиот академик.
  • Октомври: главен уредник на сатиричното списание Остен, до октомври 1968.
  • 7 ноември: присуствува на парадата на Црвениот плошдад во Москва, по повод 50-годишнината од Октомвриската револуција.

1968:

  • Одговорен уредник на сатиричното списание Остен.
  • 7 март – избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите,  Одделение за литература и јазик (рецензија).
  • март – ја објавува за првпат песната „Долго доаѓање на огнот” во Современост, бр. 3.
  • Септември: Јус-универзум, прва збирка сатирична поезија во Македонија.
  • Избор од поезијата на Ацо Шопов. Автор на изборот и на предговотот, Георги Старделов.
  • 60 сонети од Вилијам Шекспир, во препев на Ацо Шопов.
  • Претседател на жири комисијата на Пулскиот филмски фестивал.
  • Претседател на Сојузот на писателите на Југославија, од 1968 до 1970.

1969: 

  • Златен круг на времето, книга со избор од поезијата на Ацо Шопов, што содржи 6 нови песни: “Грозомор“, “Златен круг на времето“, “Тажачка од онаа страна на животот“, “Долго доаѓање на огнот“, “Љубовта на огнот“, “Август“. Првото издание е со предговор на Миодраг Друговац (“Ацо Шопов или уметник на песната“) а второто, објавено истата година, со преговор на Димитар Митрев (“Ацо Шопов или поезија со трајни вредности“).
  • 1 март, именуван за главен и одговорен уредник на издавачката куќа Македонска книга.
  • 22 април, учествува на Меѓународниот митинг на поезијата организиран на Летната сцена на Тврдината Кастел во Бања Лука, заедно со Славко Михалић (Хрватска), Цирил Злобец (Словенија) и Мак Диздар (Босна и Херцеговина).
  • 25 мај: ја пишува роденденската Телеграма до Тито, од македонскиот народ, 25 години по ослободувањето.
  • Јуни: Учествува на Дванаесеттите Змаеви дечји игри во Нови Сад. Неговата беседа е објавена под наслов „Dolazim za juga” во загребското списание Umjetnost i dijete, Vol. 1, br. 3 (1969), str. 23-24.
  • 22 јули: Орден на трудот со црвено знаме (бр. 123)
  • 2 август: Ја отвара групната изложба по повод 25-годишнината од првото заседание на АСНОМ. Говорот е достапен тука (work in progress) 
  • Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Разидување со Славко Јаневски (дефинитивно по СВП).
  • Член на југословенскиот одбор за избор на план и изградба на мавзолеот на Петар Петровиќ Његош, на Ловќен, во Црна Гора. 

Назад кон појдовната точка на творечкиот пат на Ацо Шопов

За поподробни информации, кликнете на вињетите.
Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт © Ацо Шопов – Поезија