This post is also available in: French Spanish German Russian English

Седумдесетти години на 20 век

Ацо Шопов, седумдесети години

Ацо Шопов во Загреб, 1977.

Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од престојот на поетот во Африка, но и од болеста што ќе го однесе. Во 1971 година, Ацо Шопов заминува како амбасадор на СФРЈ во Сенегал, чијшто претседател е прочуениот поет Леополд Седар Сенгор. Во првата половина на ова деценија, Шопов го препејува Сенгор, додека ја пишува збирката Песна на црната жена.

Слушнете ја „Жена во ивернажот”.

Во втората половина, Шопов се посветува на претставување на македонската култура во странство, особено во Париз и во Рим.

Болеста постепено го надвладува, додека ја пишува тестаменталната книга Дрво на ридот, објавена во 1980 год., две години пред смртта.

Слушнете стихови од „Дрво на ридот”.

 

Хронологија

1970 година

1973 година

1974 година

  • 8 ноември: Осмоноемвриска награда на град Штип.
  • 26 ноември 2б: Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда (бр. 169).

1975 година

  • Белградското списание Развитак, објавува тематски број (год. IV, бр. 1) посветен на македонската књижевност. Во избор и превод на Слободан Мицковиќ, излегуваат песните на Шопов „Молитва за једну обичну но још непронађену реч“, „Има доле једна крв“ и „Осма молитва мога тела или ко ће да смисли ту љубав“.

1976 година

  • 18 февруари: Именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство
  • 7 мај: САНУ го менува статутот и со тоа „дописните членови“ стануваат „членови вон работен состав“. Шопов е дописен член на САНУ од 07. 03. 1968.

1977 година

  • Од печат излегуваат библиофилската едиција под наслов Океанот е мал, човекот голем (приредил Георги Старделов), изборот Долго доаѓање на огнот, Одбрани песни, во српскохрватски препев на Сретен Перовиќ и Песна на црната жена во хрватскосрпски препев на Елина Елимов.
  • Претседател на  Управниот одбор на Фондот за наградата „Стале Попов”.
  • Јануари: престој во Клиничкиот центар, Љубљана.
  • 28 јануари: Љубљанско Delo го објавува интервјуто „Pesnički sobratje“ (Поетски собраќа). Разговорот го води Богдан Погачник.
  • 11 мај: Во рамките на Деновите на македонската култура, во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб се одржува литературно на поезијата на Шопов, со изборот на Старделов под наслов Океанот е мал, човекот голем. Песните ги изведуваат Лилјана Георгиева и Мите Грозданов, а на хрватски ги чита Марија Кон, дива на дубровачката и воопшто хрватската театарска сцена.
  • 15 јули: Од здравствени причини, се повлекува од функцијата претседател на Републичката комисија за културни врски со странство. Го заменува Матеја Матевски.
  • октомври: се одржуваат Деновите на македонската култура во Париз, кои ги подготвувал Шопов, како и официјална посета на Тито во Франција. Шопов, штотуку повлечен од јавните функции, е член на делегацијата.

1978 година

  • Јануари: Во Москва излегува од печат Библиотеката на светската литература, во 200 тома. Во неа се опфатени 25.000 дела, од Махабхарата, Илијада и Одисеја па до 20-иот век. Застепени се над три илјади автори, од кои четириесеттина југословенски. Ацо Шопов, заедно со Кочо Раци, Славко Јаневски и Блаже Коневски се претставниците на македонската литература во ова светско издание.
  • Јуни: Ги објавува песните Две раце, Домот на сонот, Сам со својот пламен во градите во Современост, XXVIII, бр. 6.

1980 година

  • 31 декември: Доделена му е Легитимација на носителите на Партизанска споменица 1941, бр. 02855, издадена од Сојузниот комитет за прашања на борците и воените инвалиди, Белград.

Назад кон Патот по кој чекорам

Краток преглед на животот на Ацо Шопов.

© Ацо Шопов – Поезија