Штрк

Падна на ридот, еден штрк
сонува брегови зелени.
My ce привидува дека e пак
со јатата иселени.

Во летот долг се срушил oн
и никој не го закрилува.
Ѕемне … и мисли дека е сон
првата снегулка што го милува.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955