Облак

Патник што нема ни пат ни цел
и со ветровите спие.
Од жед му припукнал образот бел
оган во очите крие.

Туѓ на секаков земен лик,
туѓ и на страстите свои.
Сам како некој нестварен лик
меѓу луѓето и сонцето стои.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955