Леополд Седар Сенгор: Поезија, избор и препев Ацо Шопов, Скопје, Нова Македонија, 1975

Поезија / Леополд Седар Сенгор. Скопје: Нова Македонија, 1975. 250 стр. (со Влада Урошевиќ и Георги Сталев).Во 1975 год. сенегалскиот поет и претседател Леополд Седар Сенгор е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, по предлог на Ацо Шопов.

Во колекцијата на лауреатите е објавен двојазичниот избор на поетското творештво на Сенгор под наслов Поезија (250 стр.) со предговор на Ацо Шопов, којшто е воедно и препејувач на поголемиот дел од песните. Дел од изборот е препеан од страна на Влада Урошевиќ, а една песна е во препев на Георги Сталев.

Неколку песни на Сенгор во препев на Шопов се достапни тука.

Скратена верзија на предговорот на Ацо Шопов кон овој избор од поезијата на Леополд Седар Сенгор, е достапна тука.

Книгата е повторно објавена во 2016 год., во колекцијата Ѕвезди на светската книжевност, во издание на Арс Ламина, Скопје,