Леополд Седар Сенгор, Сенегал

Ацо Шопов и Леополд Седар Сенгор во неговата претседателска резиденција во Дакар, 1975 год.

Сенегалскиот претседател и поет Леополд Седар Сенгор (1906-2001) и македонскиот поет Ацо Шопов (1923-1982) којшто беше именуван за амбасадор на СФР Југосавија во Сенегал (1971-1975) се сретнаа во Дакар. Ацо Шопов во Сенегал изврши успешна  дипломаткса но и “поетска” мисија, така што пријателството на двајцата поети се вроди во трајно пријателство меѓу нивните две земји.

Во поуспешните дипломатски мисии на Шопов, спаѓаат учеството на Леополд Седар Сенгор на  IV Самит на Неврзаните во Алжир (1973) како и неговата официјална посета на СФРЈ, каде што беше примен од страна на Тито, во 1975 год.

1976-Pesna-na-crnata-zenaШто се однесува до поетската мисија, Ацо Шопов во Сенегал ја напиша збирката Песна на црната жена, за којашто ја доби наградата Браќа Миладоновци, на Струшките вечери на поезијата во 1976 год. препеа голем избор од поезијата на Сенгор, и беше иницијатор на Сенгор да му се додели Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1975 год.

Kniga Sengor 1975

Неговите препеви се објавени во книгата Поезија од Сенгор (објавена првпат во 1975 год., а потоа во 2016 год.), а еден дел од нив се наоѓаат и во книгата Сенгор-Шопов: Паралели, објавена во 2006 год., по повод прославата на Годината Сенгор во Македонија.

За Сенгор, член на Француската академија и  оснивач на движењено на Негритидата, Шопов се изјаснува во еден разговор со Д. Адамовиќ, во 1976 год.: “За тоа ‘откритие’ на Црна Африка најмногу и’ должам на богатата поезија на Леополд Сенгор. Тој повеќе ми кажа за Африка отколку купиштата книги што ги прочитав за неа! Тој од верувањата, легендите, приказните, успеа да создаде вистински поетски универзум (…) 

Посвета што Сенгор му ја напишал на Шопов подарувајќи му ја книгата Писма од ивернажот

Посвета што Сенгор му ја напишал на Шопов подарувајќи му ја книгата Писма од ивернажот

Сенгор е за мене еден од најголемите писатели на современиот свет и прекрасен пример за тоа што значи поезијата: што сè не му кажува таа на човекот, без оглед што и’ е тој, барем на прв поглед, далечен и туѓ. Од тоа извлеков драгоцена поука: ако човек сака подобро да се запознае себе си, својата земја, својот народ, тој мора добро да ги познава и другите. И уште нешто: кога себе си и својата средина ќе ја согледаш од друга перспектива, да речеме африканска, многу работи што дома те мачат стануваат многу поразбирливи, а некои, сосем поинакви. А во двата случаја, поезијата игра незамисливо голема улога.”

Поголем осврт на Шопов за поезијата на Л.С. Сенгор, можете да прочитате тука.
Неколку песни од Л.С. Сенгор, во македонски препев на Ацо Шопов, можете да најдете тука.