Едуар Моник, Маурициус

Едуар Моник, 1992 год.

Едуар Моник е франкофон поет, роден на 23 септември 1931 во Флак, Маурициус. Бил главен уредник на списанието Demain l’Afrique (1977-78), директор на Колекцијата Репрезентативни дела на УНЕСКО (1983 – 1991), амбасадор на Маурициус во Јужnа Африка за време на Мандела (1994-1999). Автор е на дваесетина збирки поезија и добитник на голем број награди меѓу кои наградата Аполинер, како и Гран При на Франкофонијата, што Француската Академија му ја додели во  2003 год.

Едуар Моник препеа широк избор од творештвото на Ацо Шопов на француски јазик, под наслов Во личен избор (Anthologie personnelle), коедиција УНЕСКО, Actes Sud, 1994. Слушнете ја неговата изјава по повод објавувањето на книгата (МТВ)

Прочитајте извадоци од неговите осврти кон творештвото на Шопов.

Повеќе информации за Едуар Моник (на француски)

Страница од оригиналниот ракопис на песната што Едуар Моник му ја посвети на Шопов на денот на десетгодишнината од смрта на македонскиот поет.