Леополд Седар Сенгор

Во оваа одаја на Лирскиот дом на Ацо Шопов, можете на прочитате неколку препеви на Ацо Шопов од поезијата на Сенгор:

Senghor & Sopov, Dakar, 1974На македонската публика сенегалскиот поет и државник Леополд Седар Сенгор ‘и го откри Ацо Шопов, во 1975 год.  По четиригодишниот престој во неговата земја, Сенегал, во својство на амбасадор на СФР Југославија, Ацо Шопов го предложи Л.С. Сенгор за добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, и препеа заедно со Влада Урошевиќ и Георги Сталев обемен избор од поетското творештво на овој светски прочуен поет и теоретичар на Негритидот.

Податоци за книгата ќе добиете тука. Достапна е и скратена верзија на предговорот на Ацо Шопов кон изборот од поезијата на Леополд Седар Сенгор.

За пријателството помеѓу Леополд Седар Сенгор и Ацо Шопов ќе дознатете повеќе тука.

Податоци за одбележувањето на Годината Сенгор во Македонија (2006) ќе најдете тука.