Обична улица

Мојата улица нема куќи високи, *
ни липи, ни маслини, ни багреми зелени.
Она понекогаш на мртво дете личи
кај случајно ќе слетаат птиците иселени.

Мојата улица е мала и безимена,
со обични радости и обични грижи,
и да нема зеници од сонцето подгорени
не ќе може ништо со светот да ја зближи.

Низ мојата улица само јас поминувам
и само навечер штом се успие тишината
она се буди плашлива и измамена,
измамена од гласот на далечината.

(Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955).