2006: Одбележување на Годината Сенгор во Македонија

Leopold Sédar Senghor et Aco Sopov à Dakar en 1974Во Македонија беа организирани повеќе настани, од март до октомври 2006 год., со кои се одбележа Годината Сенгор, прогласена од страна на Меѓународната организација на Франкофонијата, по повод стогодишнината од раѓањето на сенегалсниот поет.

Пријателството помеѓу Леополд Седар Сенгор, Претседател на Сенегал, и Ацо Шопов, Амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971-1975), е темелот на кој се изградија пријателските врски меѓу нивните две земји.

Првите два настана се одржаа на 20 март, Светски ден на Фракофонијата, и 21 март, Меѓународен ден на поезијата.

На 20 март, на меѓународниот симпозиум посветен на Сенгор, мислења и ставови разменија петнаесетина учесници од Македонија, Франција и Африка.

На 21 март, во народната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, по отварањето на изложбата посветена на Сенгор и Шопов, на двајцата поети им се оддаде омаж.

Année Senghor photo de la vidéoГлавните моменти од овие настаниќе ги видите во видеото реализирано од страна на Студио Јон  и Леонардо Џони-Шопов.

Во исто време, Снежана Фидановска ја реализираше ТВ емисијата „Франкофонијата на врвот на културата“, продукција Евромак, март 2006;

 На 23 октомври, во Музејот на град Скопје, издавачот Сигмапрес организираше промоција на Сенгор – Шопов: Паралели од Јасмина Шопова.  Salle

Lecture de Femme noire en différentes languesКнигата беше претходно претставена и пред учесниците на Струшките вечери на поезијата, во август, од страна на Жан Портант (Луксембург), Влада Урошевиќ, Јасмина Шопова и Нанси Морехон, тогашен добитник на Златниот венец (Куба), заедно со неколкумина поети што на различни јазици ја прочитаа песната „Црна жена” од  Сенгор.