Омаж на Сенгор и Шопов

На 21 март 2006 (Светски ден на поезијата), во централниот хол на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, во Скопје, министерот за култура Благоја Стефановски отвори изложба посветена на Леополд Седар Сенгор и на неговото присуство во Македонија.
По отварањето на изложбата се одржа омаж на Сенгор и Шопов со учество на Амиду Сал (OIF), Ристо Лазаров, Јасмина Шопова и Петар Арсовски којшто ги прочита на македонски познатите сенгорови песни “Време е да појдам” (во препев на Влада Уришевиќ) и “Црна жена” (во препев на Ацо Шопов). УНЕСКО се вклучи во чествувањето со видео порака од Генералниот директор Коичиро Мацура специјално снимена по овој повод. На омажот зедоа збор директорот на Високиот Совет на Франкофонијата, Кристијан Валантен, и директорот на Францускиот културен центар, Филип Дегут. Емил Киријас, национален координатор за Франкофонијата, се обрати од името на министерството за надворешни работи, а Влада Урошевиќ говореше во името на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

video_50Слушнете ја неговата реч “Зошто да се пишува поезија денес“.

evenement_nouveauОпшт преглед на Годината Сенгор во Македонија е достапен тука.

video_50Главните моменти од настанот се резимирани во видеото Година Сенгор во Македонија

 

  • Прочитајте повеќе за настанот во написот на Невена Поповска (Утрински весник)
  • Информации за настанот ќе најдете и на сајтот на Меѓународната организација на Франкофонијата (на француски)

Фотогалерија на настанот
Кликнете на вињетите

Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт
© Ацо Шопов – Поезија