Промоција на книгата Сенгор – Шопов: Паралели

На 23 октомври 2006, во Музеј на град Скопје, издавачот Коста Бојаџиевски (Сигмапрес) организираше промоција на книгата Сенгор – Шопов: Паралели од Јасмина Шопова, со учество на Маја Бојаџиевска (Сигмапрес), Роже Дееб (Roger Dehaybe), Генерален администратор на Меѓународната организација на Франкофонијата, Беида Шики (Beida Chikhi), Директор на Меѓународниот центар за франкофони студии на Сорбона, Париз 1, и Акад. Ката Ќулавкова.

Промоцијата ја режираше Виолета Џолева, а стихови од Сенгор и Шопов читаа  Славко Нинов и Васил Пујовски.

Податоци за книгата Сенгор – Шопов: Паралели ќе најдете тука.

Фотофрафиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт : © Ацо Шопов – Поезија