Промоција на  Песни во фототипско издание на Сигмапрес

DPM_7.11.2014„Првата книга на Ацо Шопов, како прва книга на македонски јазик во слободна Македонија се појави да ја објави слободата (…) И не е случајно што во таа мала книга, исполнета со здивот на времето во кое е создавана, се содржи големиот Ацо Шопов”, изјави Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), отварајќи ја средбата организирана по повод 70 годишнината од објавувањето на Песни од Ацо Шопов (1944).

За литературно–историските аспекти на кигата Песни, говореше Соња Стојменска Елзесер (“Лиричар од почеток до крај“). За љубовта во поезијата на Шопов говореше Гордана Михаилова Бошнакоска, додека Михаил Ренџов се присети на моментите од неговото другарување со Ацо. Настанот го концепираше и анимираше Јасмина Шопова. Стихови читаше Александра Велинова, во музичка придружба на Петар Ренџов.

На средбата сите присутни добија подарок: примерок од Песни во фототипско издание, што го објави Сигмапрес. Подарувајќи ја збирката на присутните, издавачката куќа Сигмапрес и Фондацијата Ацо Шопов – Поезија сакаа да ја доловат атмосферата од деновите по ослободувањето на Македонија: оригиналното издание од 1944 го донела од Белград антифашистичката младина на Србија и подарила по еден примерок на сите учесници на Вториот Конгрес на Народно-ослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Прочитајте повеќе за збирката Песни.

„Со оваа публикација Сигмапрес продолжува да учествува во комеморирањето на творештвото на Шопов,“ рече Маја Бојаџиевска која ја продолжува издавачката дејност на татко и’, Коста Бојаџиевски, пријател и соработник на Шопов. Тој имено во 2002 год. ја објави монографијата По-трагите на Ацо Шопов, а во 2006 год., Сенгор-Шопов: Паралели.

Избор од одгласи за овој настан во медиумите: Телма24 ВестиА1 on, Утрински весник, Република.

Во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од објавувањето на Песни, Филолошкот Факултет “Блаже Конески” во Скопје организираше на 8 октомври 2014 год., промоција на  Лирскиот дом на Ацо Шопов (повеќејазичниот интернетски портал во којшто сега се наоѓaте). За поподробни информации кликнете тука.

Поширок преглед на одгласите во медиумите се наоѓаат на Daily.mk или Time.mk

Фотогалерија на настанот. За повеќе податоци, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт © Ацо Шопов – Поезија.