Ноември 2013: свечен собир по повод 90 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

DSC_5502На 25 ноември 2013, во МАНУ  се одбележа 90 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов (Штип, 20.12.1923).
Публиката ја поздрави Луан Старова.
Kата Ќулавкова ги промовираше најновите изданија на тврештвото на Ацо Шопов, меѓу кои  Гледач во пепелта, во издание на Везилка2011, како и првата книга објавена на бугарски јазик во избор и препев на Роман Кисиов, Раждане на словото а во издание на Авангард принт, од Русе.
Георги Старделов  посебно се осврна на Гледач во пепелта (првпат објавена во 1970) која ја смета за врвен дострел во македонската поезија.
Јасмина Шопова, ќерка, толкувач и преведувач на поетот, говореше за присуството на Шопов на социјалните мрежи- особено YouTube и FaceBook, како и  Википедија, и го најави интернетскиот портал што моментално го посетувате, Лирскиот дом на Ацо Шопов. Истиот беше промовиран година дена подоцна, на 8ми октомври 2014 год.

Информации за настанот се достапни и на Time.mk.

Фотогалерија на настанот. За повеќе податоци, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт © Ацо Шопов – Поезија.