Лов на езеро

Птица устремена. Стрвнина.
Исправен нор со закана .
Глуне езерска поврвнина,
модра од тага. исплакана.

Темниот удар на крилото
темно ја сече модрината.
Блеснува на студенилот
рибата в клунот раскината.
Денот е cив од умирање.
Сами сме. Ништо не велиме.
Некое немо разбирање
нè гони да се разделиме.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955