Педесети години на 20 век

Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982) живеат спомени од триесетгодишниот Ацо, „поетот на тишината”. Тогаш ги објавува збирките Стихови за радоста и маката и Слеј се со тишината, во кои ни остави незаборавни песни.

Слушнете дел од нив: Во тишинаКога ти е најтешкоВетрот носи убаво времеТреба да бидеме подобриБела тага на изворот

Во тоа време, Ацо Шопов е уредник во списанијата Млад борецНов денИднинаХоризонтСовременост… И ги препејува Едуард Баргицки, Григор ВитезЈован Јовановиќ Змај,Иван Крилов, Густав Крклец, Отон Жупанчич и Едмон Ростан, а преведува и  Колекција од 12 бајки од француски автори.

Краток преглед на неговиот живот можете да најдете во Витрината на неговиот Лирски дом.

За поподробни информации, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт: © Ацо Шопов – Поезија