Четириесети години на 20 век

Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од дваесетгодишниот младич Ацо. Тука е револуционерната младина на Македонија, тука е Втората светска војна, тука е раѓањето на државноста на Македонија во составот на СФРЈ, тука е и раѓањето на неговиот син Владо, во бракот со Благородна.

Во тој период е напишана песната „Очи”, посветена на Вера Јоциќ. Слушнете ја песната во изведба на Ацо Шопов.

Тоа е и времето на списанијата Млад борец (1944-1996), и Нов ден (1945-??), што Ацо Шопов ќе ги уредува, по партизанското искуство со списанието Оган.

Во 1944 година, од печат излегува и првата книга на македонски јазик во слободна Македонија: Песни од Ацо Шопов. Истата година Шопов го објавува “Маршот на тертата макеоднска ударна бригада“, познат по првите стихови: “Ко челик сме ние”. Песната првпат е објавена во Положај, весник на Втората македонска ударна бригада, април−мај, 1944 год., а потоа во збирката Со наши раце, 1950 год.

Кон крајот на оваа деценија се оснива Друштвото на писателите на Македонија. Ацо Шопов е еден од неговите оснивачи а во неколку наврати ќе биде и негов претседател.

За поподробни информации, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт: © Ацо Шопов – Поезија