Une vie en images

Се наоѓате во Фототеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982), во која можете да дојдете до илустрирани податоци од четирите децении на неговиот активен живот, од четириесетите до седумдесетите години на дваесетиот век.

Македонскиот поет Ацо Шопов е роден на 20 декември 1923 год., во Штип, источна Македонија. По долго боледување, почина во Скопје, на 20 април 1982 год.  Краток преглед на неговиот живот можете да најдете во витрината на неговиот Лирски дом.