Седумдесети години на 20 век

Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од престојот на поетот во Африка, но и од болеста што ќе го однесе.  Во 1971 година, Ацо Шопов заминува како амбасадор на СФРЈ во Сенегал, чијшто претседател е прочуениот поет Леополд Седар Сенгор. Во првата половина на ова деценија, Шопов го препејува Сенгор, додека ја пишува збирката Песна на црната женаСлушнете ја „Жена во ивернажот”.

Во втората половина, Шопов се посветува на претставување на македонската култура во странство, особено во Париз и во Рим.

Болеста постепено го надвладува, додека ја пишува тестаменталната книга Дрво на ридот, објавена две години пред смртта, во 1980 год. Слушнете стихови од „Дрво на ридот”.

За поподробни информации, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт: © Ацо Шопов – Поезија